ЗА НАС
РЖ „Интер-Трнсшпед“ АД-Скопје е акционерско друштво, кое е еден од повеќето правни наследници произлезени по распадот и трансфорацијата на некогашниот индустриски гигант рудници и железарница Скопје - Скопје. Во моментот основна дејност на друштвото е со својата тешка механизација (булдожери, утоварачи, багери и сл.), како и со своите тешки товарни возила (камиони и дамопери), да обезбеди и да им даде транспортни услуги на сите други правни субјекти во внатрешноста на железарскиот круг. Особено одговорен сегмент во работењето на друштвото, со оглед на карактеристиките на работните задачи и тешките услови во кои тие се извршуваат, е исполнувањето на задачите поврзани со производствениот процес во погоните на „Макстил“ АД-Скопје. РЖ „Интер-Трансшпед“ АД-Скопје располага и со голем број на други објекти и богата инфраструктура во самиот круг на железарницата, кои обезбедуваат можност за развој на друштвото во повеќе насоки и развој на други дејности. Овде пред се би ги издвоиле сопствената бензинска пумпа со четири резервоари за складирање на гориво, ѕидан објект покриена перална за соло камиони и влекачи, како и големи бетонирани плацови со придружни објекти до кои има пристап по патна и железничка инфраструктура. Со оглед на тоа, механичкиот тим, кој се состои од еден магистер на машински науки и од двајца дипломирани машински инженери, сите од областа на моторните возила, во периодот што следува ќе работи на искористување на овие инфраструктурни потенцијали и развој на фирмата во повеќе насоки. Секако дека заеднички именител на повеќето од, во моментот, замислените и проектирани насоки на развојот на друштвото ќе бидат разни видови услуги од областа и моторните возила.