ЗА НАС
Карактеристиките на работните задачи и тешките услови во кои тие се извршуваат, е исполнувањето на задачите поврзани со производствениот процес во погоните на „Макстил“ АД-Скопје. Тука пред се се мисли на расчистувањето и транспортот на огромните количества отпаден материјал што се создава во процесот на производство на челик во погоните на АД „Макстил“. Овде возилата и машините со кои се извршуваат овие задачи се исто изложени на особено големи предизвици, односно екстремно тешки услови за работа. Карактеристиките на материјалот што се расчистува и се транспортира предизвикува високи механички и термички оптоварување на машините, што работните услови ги чини непосредно потешки во споредба со услови во кои слични машини работат (градилишта, површински копови и сл.). Одржувањето, кое според се е многу зачестено и интензивно, се извршува со сопствени сили и средства, односно од страна на сопствениот стручен кадар, во механичко-ремонтната работилница во рамките на друштвото.